Полицајка била изложена на голема количина дрога додека била на должност, а шокантни снимки од безбедносните камери покажуваат како таа вдишува од илегалната супстанца и паѓа на земја во истата секунда.

Кортни Беник за малку не починала. Таа останала без здив откако била изложена на фентанил кога со колегите запрела возило во кое имало дрога.

На шокантното видео се гледа како полицајката во градот Таварес на Флорида парализирана лежи на патот и на момент останува без свест. Дежурната полицајка се предозирала кога во вторникот запрела автомобил и затекнала патници со наркотици прикриени во банкноти.

На снимката се гледа како ококорена жена лежи на земја, додека колегите се обидуваат да ја освестат. Тие ѝ вбризгуваат нешто во носот надевајќи се дека така ќе ѝ ги исчистат рецепторите и ќе ги ублажат ефектите на дрогата.

Додека ја чекаат Брзата помош, Беник се потпира на ногата на својот колега, лицето ѝ станува бледо и во еден момент престанува да се движи. „Диши“, ѝ вели едниот полицаец, додека другиот нежно ја удира по лицето за да ја разбуди. „Не дише, Рони, удри ја повторно“, вика другиот полицаец.

„Беше во бессознание, изгледаше како да е мртва. Може само да биде благодарна што не била сама, инаку тешко дека би преживеала“, изјави за „Фокс“ колешката Саливан.

Полицајците веруваат дека Кортни била изложена на голема количина дрога која поради силниот ветер ја внела во себе. Луѓето кои биле запрени се соочуваат со обвиненија за тешко кривично дело.