Смртта на кралицата Елизабета Втора на 96-годишна возраст била предвидена пред неколку векови од францускиот астролог Нострадамус, според книга што ги толкува неговите пророштва, а се продава како алва од нејзината смрт на 8 септември.
Угледниот пророк во 1555 година ја објавил Les Propheties, збирка песни наречени „кватрени“ кои тешко може да се толкуваат, а за која поддржувачите тврдат дека претскажала голем број катастрофални настани како што се светските војни и нападите од 11 септември.
Според книга на Марио Ридинг од 2005 година, „Нострадамус: Целосните пророштва за иднината“, еден од катрените на пророкот ја предвидел точната возраст на која кралицата ќе умре стотици години подоцна. Експертот за Нострадамус го пренесува, односно го толкува неговото пророштво: „Кралицата Елизабета Втора ќе почине околу 2022 година на возраст од 96 години“.
Британски „Сандеј тајмс“ тврди дека продажбата на книгата на Ридинг нагло се зголемила по смртта на кралицата. Од 17 септември, продадени се 8.000 примероци, споредено со само пет пред овој датум.
Книгата, исто така, ја навестува иднината на кралот Чарлс Трети, предвидувајќи дека поранешниот сопруг на принцезата Дијана ќе абдицира од тронот, кој потоа ќе го држи нивниот втор син, принцот Хари, кој се повлече од кралските должности.
„Затоа што не го одобруваа неговиот развод…човек кој подоцна го сметаа за недостоен…народот ќе го протера кралот на островот…ќе го замени човек кој никогаш не очекувал да биде крал“, напишал Нострадамус, се вели во толкувањето на Ридинг.
Нострадамус бизарно предвидел дека принцот Хари ќе го преземе тронот по кралот Чарлс – не Вилијам.
Марио Ридинг, кој напиша книга за Нострадамус во 2005 година, го протолкува и го пренесува ова тврдење во својата книга „Нострадамус: Целосни пророштва за иднината“. Ридинг пишува: „Преамбула е дека кралицата Елизабета Втора ќе почине, околу 2022 година, на возраст од околу 96 години, пет години помалку од животот на нејзината мајка.“
„Принцот Чарлс ќе има 74 години во 2022 година, кога ќе го преземе тронот. Но, незадоволствата што ги има против него одреден дел од британското население, по неговиот развод со Дијана, принцезата од Велс, сè уште опстојуваат.“
Be the first to write a comment.