Снимките на кои се гледа како огромни згради паѓаат како кула од карти го наметнуваат прашањето зошто доаѓа до рушење на зградите при земјотрес?
Виновникот најчесто се бара во архитектите, потоа во инвеститорите кои алчни да заработат повеќе штедат и на материјал и на квалитетот на градбата, како и корупцијата на инспекторите и службите кои се должни да ја контролираат изградбата, и нелегалната надградба и доградба.
Овие фотографии се шокантен показател за тоа како на некои објекти комплетно нестручно се изградени носечките столбови.
📸
📸
📸
📸
📸
📸
📸
📸
📸
📸
📸
Но не ретко како виновници се споменуваат и самите станари кои без дозвола си уриваат ѕидови и надградуваат.
Но шокантно е што во јавноста се појавуваат фотографии и снимки на кои се гледа дека не само виновни гореспоменатите. Никој не ги контролира мајсторите кои поставуваат цевки, електрична инсталација и слично.
📸
📸
📸
📸
По земјотресот во Турција во јавноста се појавија неверојатни слики кои го покажуваат невештото и непрофесионалното работење на градежниците во источниот регион на земјата. Зграда е навалена наназад бидејќи нема темел. Станува збор за станбена зграда од пет ката.
Be the first to write a comment.