











Големи загуби предизвикаа силните земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени во Турција и Сирија, кои цел свет ги нарекува „катастрофа на векот“.
Продолжуваат напорите за пребарување и спасување по уништувањата што се случија по земјотресите. Цел интернет буквално е преплавен со случлувањата посебно во Турција, многу фотографии и видеа од земјата со 85 милиони жители се објавуваат на социјалните мрежи.






Една од најпопуларните турски актерки Бурџу Озберк, која ѝ е добро позната и на македоснката публика по улогите на Есра во „Љубов и се е можно“ и Ѓул во „Убавата селанка“ реагираше на споделувањето на овие фотографии и видеа со музика.
– Не колажирајте фотографии направени од уништени куќи и не објавувајте глупости!, го изрази таа својот револт во објава на социјалната мрежа Инстаграм, каде има речиси 10 милиони следбеници.






Цела Турција беше потресена од два силни земјотреси кои се случија во Кахраманмараш и погодија 10 провинции. По катастрофата на векот, кампањите за помош продолжуваат од целата земја. Во овој процес, уметничката заедница работи како едно срце, пишуваат турските медиуми.
Додека напорите за пребарување и спасување продолжуваат со полна пареа, фотографиите од областа на катастрофата се споделуваат на социјалните мрежи. Сепак, додавањето музика во заднина на некои фотографии и видеа предизвикува непријатност.






– Не нормализирајте ја катастрофата со ставање тажна музика под фотографиите и видеата. Не колажирајте фотографии направени од уништени куќи и не споделувајте глупости. Преживеаните од земјотресот сè уште се гладни, жедни, повредени и исплашени. Немаат каде да останат, напиша Озберк.
Be the first to write a comment.