Со сериозни изгореници на лицето се лекува жена од грчкиот град Месини, која беше нападната од маж со хемиска течност.
За инцидентот првично бил приведен 50-годишен маж, поранешен сопруг на жената, кој потоа бил уапсен. Според информациите, тој од супермаркет купил солна киселина, со кој го извршил нападот.
Инцидентот, кој ја шокираше Грција, се случила во областа Аналипси во Месини, во раните утрински часови во средата. Жената, како што првично објавија грчките медиуми била нападната, при што насилникот потоа побегнал.
Во средата околу 4 часот наутро, споменатата 49-годишна жена пристигнала на работа. Таму, обидувајќи се да ја отвори вратата од дуќанот во кој работи, била нападната од мажот чие лице било покриено.
Насилникот првично се обидел да ја успие жената со крпа натопена во хемиската течност, а потоа и ја полил со течност на лицето, при што и нанел изгореница во близина на окото. Не можејќи да ја успие, конечно побегнал.
Жената е хоспитализирана на офталмолошката клиника на Општата болница Каламата, не е во животна опасност, но има сериозни изгореници во пределот на окото.
Во полициското соопштение се посочува дека „50-годишниот маж во раните утрински часови и пришол на жената со покриено лице, во моментот кога таа влегувала во дуќанот во кој работи и првично ја нападнал ставајќи ѝ крпа натопена во течност на устата и носот, а потоа ѝ фрлил шише со истата течност во лицето.
49-годишната жена е префрлена во Општата болница Каламата каде се уште е на лекување. Уапсениот по предметот поднесен против него ќе биде спроведен до надлежното обвинителство.
Be the first to write a comment.