Оваа трагедија се случи пред точно 3 години, а и денес предизвикува морници.

На прв поглед ова е обична слика од одмор. Но, позадината на оваа приказна е трагична и морничава.

– Бевме толку среќни што дојдовме во Хрватска. Планиравме да пловиме осум дена. Сите заедно го организиравме и планиравме тоа патување. Ги посетивме островите и Дубровник, изјави пред 3 години еден од преживеаните од бродот “Атлантиа”, Бруно Манкусо.

А што се случи со патниците- туристи на овој брод?

„Навистина уживавме на Хвар на вториот ден од нашиот одмор. Вечерта ја поминавме во ресторан на брегот, каде ние четворица вечеравме, додека децата не ја ни пробаа храната. Затоа ја отфрливме можноста за труење со храна уште од стартот затоа што најмногу настрадаа децата, изјави Манкузо за медиумите, венаш алудирајќи на тоа дека станува збор труење со гас кој преку отворите за климатизација навлегол во кабините.

Само што дошло полноќ, италијанските туристи се вратиле на бродот, за два часа подоцна гасот да почне да делува како тивок убиец во нивните кабини.

– Одеднаш на сите ни се слоши. Се довлечкав до бањата и повратив. И на жена ми се слоши, но малку ни се подобри и заспавме како зашеметени до утро. На таа едрилица го изгубив, можам да кажам, мојот брат. По професија сум нефролог и се обидов да му помогнам, но залудно. Срцето ми пука од тага. Кога се разбудив и станав онака омалаксан го најдов Еугенио со повреди на главата и градниот кош што ги добил кога паднал во туш кабина, рече Манкузо, откривајќи дека кобната вечер сите спиеле на десната страна на бродот.

За опасното дело што резултираше со смрт на италијанскиот државјанин Еугенио Винчи и тешки и полесни повреди на уште пет лица, меѓу кои и две деца, обвинети се 24-годишен и 28-годишен маж, а обвинението беше поднесена од жупаниското државно обвинителство во Сплит.

Според обвинението, двајцата се обвинети дека на 10.08.2019 година во Омиш како сопственик на брод и сопственик на бродот Атлантиа поставиле генератор во машинската соба на бродот, спротивно на одредбите од Поморскиот законик.

Обвинителството тврди дека тоа го направиле иако знаеле дека бензинскиот генератор со воздушно ладење испушта отровни гасови, меѓу кои и јаглерод моноксид, кој неконтролирано се шири и дека неговото вдишување предизвикува смрт за кратко време. Според обвинението, знаеле и дека таков агрегат не смее да се користи во затворен простор или со отворени врати и прозорци, без да се обезбеди отстранување на гасовите надвор од просториите.

Во текот на ноќта на 13 август 2019 година, гасот се проширил низ вратите на машинскиот простор и дупките на подот во кујната и системот за вентилација во ходникот, салонот и патничките кабини каде што спиеле италијански државјани. Поради вдишување јаглерод моноксид, отруени се шест Италијанци, при што Винчи починал на лице место, додека две деца се здобиле со повредени опасни по живот.