Познатата српска старлета и ријалити ѕвезда Сораја Вучелиќ наводно се бори за живот, како што јавуваат српските и хрватските медиуми. Вучелиќ во саботата доживеала страшна сообраќајна несреќа на границата со Албанија од која се здобила со скршеници на ребрата и внатрешно крварење.

Поради сериозноста на повредите од Албанија, Сораја итно била префрлена во Хрватска на итна операција.

„Лекарите од саботата се борат за животот на Сораја. Веднаш по несреќата била префрлена во приватна клиника во Албанија каде и била оперирана. Сепак, вчера состојбата и се влошила и почнала внатрешно да крвари. Семејството и пријателите решиле да ја префрлат во нова клиника во Хрватска каде треба да биде извршена уште една операција“ – изјавил за „Информер.рс“ извор близок на старлетата и објаснува што всушност се случило во кобната сабота.

„Сораја со пријателка замина од Косово за Албанија. Таа управувала џип „мерцедес“ во кој удрило комбе. Од силината на ударот Сораја за малку ќе прелетала низ возачкото седиште. Таа со градите удрила во воланот при што и ги скршила ребрата и ги повредила внатрешните органи“ – изјавил изборот за споменатиот медиум

Според изворот, сцената била морничава:

„Автомобилот е целосно уништен! Пожарникарите морале итно да ги извлечат Сораја и нејзината пријателка од џипот. Итната помош брзо пристигнала на местото на настанот и ја нашла во несвест. Ја приклучиле на инфузија и ја однеле во приватна клиника. Лекарите детално ја прегледале и утврдиле дека има скршеници на ребрата, повреди на вратот, белите дробови и стомакот, па затоа била оперирана. Но, вчера ненадејно се појавило внатрешно крварење и таа мора да оди на нова интервенција“ – изјавил извор за „Информер.рс“.

Сораја го купила луксузниот џип ова лето во Црна Гора за 120.000 евра.