Федералниот суд го казни Јувентус драстично вечерва, откако одлучи на клубот да му бидат одземени 15 бодови од табелата.

Јувентус по 19 одиграни кола има освоено 37 бодови, па со одземените 15 ќе има само 22 и наместо на третото, ќе се најде на делба на 11-тото место на табелата со Емполи и Болоња. Обвинителството бараше одземање на 9 бодови, но одлуката на Федералниот суд е драстична.

Јувентус се најде на обвинителна клупа поради прикривање на реални трошоци, малверзации со трансфери и фиктивен буџет, поради кои се најде на обвинителна клупа, а сега обвинителството побара жестока казна со минус девет бода, што во случајов може да значи и крај на надежите догодина да играат во Лигата на шампионте.

Иако и УЕФА има своја постапка поради која за прекршување на финансискиот фер-плеј може да ја исфрли „стараат дама“, која и онака е омразена како еден од трите сепаратисти што ја форсираат Суперлигата.

Обвинителството побарало и суспензии за Ањели од 16 месеци за забрана за секаква функција во фудбалот, за Павел Недвед и маурицио Аривабене по 12 месеци суспензија, а за Федерико Черубини – 11 месеци.