На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути значително падна поради шпекулациите дека ФЕД би можел да ги остави каматните стапки непроменети на состанокот во март.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, се лизна за 0,53 отсто на 103,69 бора, што е најниско ниво за речиси еден месец.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна на 133,80 јени.
Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото порасна за 0,85 отсто, на 1,0730 долари, блиску до највисокото ниво за еден месец.
Цените на нафтата, пак, пораснаа, откако минатата недела паднаа за повеќе од 3 отсто. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава порасна за 0,29 отсто, на 83,02 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,35 отсто, на 76,95 долари.
Be the first to write a comment.