Светското првенство во Катар 2022 започнува за неколку дена, но љубителите на спортот кои избраа да патуваат за да присуствуваат на Светското првенство веќе ја пренесуваат- преку социјалните мрежи – атмосферата што владее во Доха.

Грција отсуствува од Мундијалот, но е присутна преку кулинарско претставување. Поконкретно, грчката салата е хит во Катар и Катарците им ја продаваат на тамошните навивачи за 10 евра.

На социјалните мрежи кружи фотографија од „грчката салата“, која предизвика хаос и поради името „грчка салата“ што и е дадено, но и поради малата количина во која се служи.

„Ги хранам моите зајаци со подобра салата“, напиша еден корисник на Твитер под објавата, додека друг, по потекло Грк, коментира: „Како Грк, би сакал да прашам. Каде е грчката салата?

Условите во кои се одржува овогодинешното Светско првенство се без преседан и за ова има неколку реакции.