Тецуја Јамагами, човекот кој го уби поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе, изјавил пред полицијата дека првично планирал да нападне водач на верска организација и дека злосторството не го извршил од политички мотиви, соопштија истражните органи, повикувајќи се на Кјодо.
Јамагами, исто така, изјавил дека бил лут на „одредена организација“, веројатно локална религиозна група, за која верувал дека е поврзана со Абе и пораншниот премиер и помагал ја промовирал таа организација. Тој, исто така, негираше дека го извршил злосторството бидејќи се спротивставувал на политичките убедувања на Абе. Убиецот вели и дека првично планирал да го нападне водачот на религиозната група за која верува дека ја банкротирала неговата мајка поради донации, соопштија истражните органи.
Абе почина вчера откако беше застрелан со неколку куршуми за време на говор во близина на железничка станица во западната јапонска префектура Нара, а Јамагами беше уапсен на местото на настанот со рачно изработен пиштол.
Полицијата ја пребарала неговата куќа во петокот и пронашла повеќе предмети за кои се сомнева дека се рачно изработени експлозиви и оружје.
Be the first to write a comment.