Земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала утринава го погоди Тајван, но засега нема информации за штети или повредени.
Земјотресот се случил во 9.05 часот на длабочина од 6,8 километри во округот Хуалиен, во централниот дел на источниот брег на островот, соопшти тајванската централна метеоролошка служба, пренесува АП.
Земјотресот го погоди најголемиот дел од островот, на кој живеат околу 24 милиони луѓе, вклучувајќи го и главниот град Тајпеј, но и преку Тајванското Море во кинеската провинција Фуџијан, јави кинеската државна телевизија CTV.
Be the first to write a comment.