Во четвртокот при деминирање во градот Чанак во Лика, во месноста Врлет-Скокови во Хрватска, загинаа двајца пиротехничари.

Пиротехничарката Јосипа Бошковиќ од Нови Бешинац кај Пожега починала на лице место, додека тешко повредениот пиротехничар Игор Кирин од Питомача починал во амбулантата додека бил пренесуван кон болницата во Госпиќ.

Семејствата на двете жртви останаа завиени во црно. Таткото на Јосипа Бошковиќ, Иван е во тешка состојба, како и нејзината сестра Валентина. Братот Томислав отишол на местото на трагедијата, а мајката Здравка за Јутарњи лист изјави дека уште не е свесна дека нејзината ќерка повеќе не е таму.

„Боже, како да претчувствувала“

Јосипа минатата сабота отишла на терен, а последен пат се слушнала со родителите во средата. Таа била добро расположена. Ден претходно се слушнала и со сестра си откако таа на својот Фејсбук напишала стих од песната „Каде си, што те нема“.

„Господе, како да претчувствуваше, а Јосипа и се јави да праша што се случува, па разговараа двете“, вели расплаканата мајка за Јутарњи лист.

Јосипа во младоста играла ракомет, играла за ЖРК Пожега, а подоцна работела како дуќанџија. Пред 2-3 години отишла на пиротехника.