Семејна трагедија се случи во средата попладне во областа Каламарија во Солун. Според информациите на грчките медиуми, се’ се случило нешто пред 17 часот и 30 минути кога 29-годишниот син имал жестока расправока во станот на 5-ти кат, со неговата 60-годишна мајка со која живееле заедно.
Според сведоштвата на луѓето од населбата на улицата „Пападијаманти“, од станот слушнале силни гласови, но не можеле да замислат дека синот ќе ја убие мајка си.
Кога полициските службеници пристигнале во станот ја нашле жената мртва, додека според информациите синот седел во фотелјата од станот и не покажал никаков отпор кога побарале од него да ги следи до Полициско одделение за да им даде изјава.
Од почетокот се сметало дека тој е главен осомничен, додека малку подоцна во полиција признал дека е сторител на делото и бил уапсен.
Уапсениот 29 годишник призна дека ја убил мајката
Во станот до доцна синоќа имало персонал на означување кој собира докази, како и лекарски вештак кој ќе го прегледа телото.
За 29-годишникот соседите велат дека немал чести расправии со мајка си. Спека, одредени информации укажуваат дека тој се соочувал со проблеми од психијатриска природа.
Be the first to write a comment.