Полицијата ја истражува смртта на шестмесечното британско девојче, откако таа наводно се задавила до смрт во турско одморалиште со пет ѕвездички, пишува „Дејли Мејл“. Елизабет Кофи била итно пренесена во болница откако имала потешкотии со дишењето кога според пишувањата на медиумот, храна или нешто слично, ѝ останало во грлото.
Родителите Мајкл и Елизабет Кофи, од Лондон, биле на одмор со нивната ќерка и 30 членови на семејството во хотелот „Land of Legends Kingdom“ во Серик, јужна Турција. Шестмесечното дете почнало да има потешкотии со дишењето во саботата наутро. Медицински тим брзо бил испратен во хотелот откако семејството алармирало.
Откако ја пренеле итно во приватната болница во Аспендос Анадолија, на мајката и било кажано дека не реагирала на време. И покрај сите напори на медицинскиот персонал, лекарите не успеале да и го спасат животот. Не е јасно дали таа боледувала од некоја болест пред нејзината смрт.
Службеник на болницата за „Сан“ изјави: „Персоналот на хотелот повикал болничар кога бебето имало проблеми со дишењето. Таа беше донесена во болница од првите одговорни лица. И покрај напорите на лекарите, таа не можеше да се спаси. Докторот кој ја лекуваше рече дека храната или нешто слично се заглавила во грлото на бебето и таа не можела да дише“.
Пријателите и семејството му оддадоа почит на малото девојче на социјалните мрежи. Кити Маргарет на Фејсбук напиша: „Не можам да верувам во ова, почивај во мир, девојче. Те молам боже да ги утеши нејзините мама и тато. Се чувствувам толку скршено за нив“.
Други коментираа: „Почивај во мир ангелче“ и: „Ова е толку тажно, почивај во мир, ангелче“.
Телото на шестмесечното дете било испратено во Институтот за судска медицина во Анталија за да се утврди точната причина за смртта. Полицијата потврди дека истрагата во моментов е во тек.
Be the first to write a comment.