На првиот ден од годинава, околу 13 часот и 30 минути, 33-годишен државјанин на БиХ бил пронајден мртов во стан во Клагенфурт од страна на неговата партнерка.

Со оглед на околностите во станот, не е исклучена можноста дека смртта настанала поради конзумирање опојни средства, но локалната полиција започнала кривична истрага, со цел да се утврдат точните причини за смртта.

По обдукцијата, државниот правобранител во Клагенфурт наредил судска обдукција на телото. Истрагата го потврдила сомнежот за смрт поради конзумирање наркотични дроги.

Истрагата за овој случај за расветлување на сите околности – што точно се случило во овој стан – се уште не е завршена.