Сораја Вучелиќ се породи и роди син на кој му дадоа име Кан и породувањето помина добро.

– Сораја е пресреќна! Таа стана мајка и сега целиот нејзин свет е подреден на новата улога на родител. Таа е маѓепсана од своето бебе. Не го пушта синот. Се заљубила во него од првиот момент кога го видела – вели извор близок на Вучелиќ.

Вучелиќ се породила во болница во Швајцарија, но нејзиното семејство ќе живее во Русија.

– Таа ја водеше бременоста во Цирих со избраниот лекар, но наскоро ќе одлета за Москва, каде што ќе живее. Доаѓа рускиот пасош за бебето и таму ќе биде нивната база. Ги затвори социјалните мрежи и врти нов животен лист – заклучува извор за српските медиуми.

Инаку, значењето на името Кан е „владетел“.