„Добредојде Симон! Нашето ново поглавје како семејство со четворица започна на денот на мајките, 14-ти мај. Поубав датум не можеше да одбереш за твоето доаѓање“, напиша водителката Цеце Тодосова, а сега ја објави и првата фотка од болница.
Водителката на „Утринска на Телма“, Цеце Тодосова, на 14-ти мај го роди својот втор син, Симон. Таа на Инстаграм објави фотографија од рачето на бебето со емотивна порака. „Добредојде Симон! Нашето ново поглавје како семејство со четворица започна на денот на мајките, 14-ти мај. Поубав датум не можеше да одбереш за твоето доаѓање“, напиша Цеце.
Дека се породила, претходно открија нејзините колеги од утринското шоу, кои објавија фотка на која јадат мекици за раѓањето на бебето. Симон е второ дете на Цеце и нејзиниот сопруг Стојан. Тие веќе го имаат синот Бодан, кој во февруари наполни 2 години.
Be the first to write a comment.