„Со особено внимание ја следев истражувачката сторија. Информациите ги примивме со загриженост и сакам да информирам што преземавме како министерство за здравство и останатите институции.
Испративме допис до ДСЗИ веднаш да се направи вонреден инспекциски надзор во болницата. Побарав информации од инспекторатот дали во последните три годии се спроведени редовни и вонредни надзори и кои се резултатите од истите.
Агенцијата за лекови Малмед иницираше вонреден и надзор во однос на тоа дали е почитувана или не е почитувана потстапката за клиничко испитување на хемофилтрација како метод на лекување на ковид-19. Според првичните информации не е испочитувана, но да оставиме да се утврди фактичката состојба во клиниката и овој наод ќе го добиеме уште во текот на утрешниот ден.
Третата постапка е спроведување на бараните стручни надзори во лекувањето на пациентите во клиничката болница „Жан Митрев“.
Извештајот ќе има за цел да ја констатира состојбата и ќе го доставам до надлежните институции“, додаде тој
Be the first to write a comment.