Адвокатката Ирина Боровиќ, која ги застапува осомниченото момче и неговиот татко, за Курир вели дека момчето моментално е на анализа на Воено-медицинската академија во Белград.
– По направените анализи во ВМА, момчето ќе биде вратено во полициска станица каде треба повторно да се разговара со него. Исто така, сакам да истакнам дека поради возраста на момчето нема да одговара за ова кривично дело, но секако ќе се очекува разговор со психолог и психијатар кои подоцна ќе одлучат дали ќе биде казнет на некој начин и како – рече Боровиќ.
Таа потоа додаде дека мајката на момчето не е уапсена како што објавија некои медиуми.
– На таткото на момчето му е одреден притвор до 48 часа, по што ќе биде сослушан од обвинителот на Вишото јавно обвинителство во Белград, кој го товари за тешко кривично дело против општата безбедност.
Be the first to write a comment.