Несреќната жена се лизнала во интимните моменти со партнерот и паднала на покривот од автомобилот, а сето тоа го снимиле надзорните камери.
Дека љубовта понекогаш навистина боли најдобро се уверила оваа жена која за време на секс паднала од балкон полугола и треснала на покривот на автомобил.
Како што пишува британски The Sun, несреќната жена се лизнала за време на интимните моменти со партнерот и паднала точно на покривот на паркиран автомобил, а сето тоа е снимено од надзорните камери во гаражата. Падот бил толку силен што кутрата жена го скршила покривот на автомобилот.
На снимката од надзорната камера се гледа како полугола жена паѓа врз автомобил и потоа почнува да го трие грбот поради силна болка. Набрзо до неа притрча партнерот кој не носел маица и и помогнал да се симне од покривот на автомобилот.
Сведок на инцидентот за тајванските локални медиуми изјави:
– Одев дома кога тоа се случи. Не ја видов како падна, но слушнав силен тресок и таа веќе беше на кровот на автомобилот. Тогаш човекот истрча и ѝ помогна.
Несреќната жена на крајот била пренесена во болница, каде и била констатирана мала повреда на грбот и била принудена да остане во болница неколку недели. Во стабилна состојба е. Овој пар морал да плати и отштета за автомобил на нивниот сосед.
Be the first to write a comment.