Од тераса на третиот кат во турскиот град Сањактепе синоќа паднала петгодишната Наслихан А. Несреќата се случила додека малото девојче седело на терасата со нејзината мајка.
Во еден момент девојчето се качило на столот за да погледне надолу и паднало.
На местото на настанот брзо пристигнала итна помош, а девојчето со тешки повреди било пренесено во болница. Лекарите се обиделе да ја спасат, но за жал таа починала, пишува Хуриет.
По несреќата почнале да се шират гласини дека девојката е убиена од огнено оружје, но од кабинетот на гувернерот веднаш ги демантирале овие наводи.
– Девојчето почина од повреди здобиени по пад од височина – соопштено е.
Be the first to write a comment.