Директорот на погребално претпријатие во американската сојузна држава Индијана, Ренди Ланкфорд, се изјасни за виновен откако во неговата фирма беа пронајдени 31 труп во распаѓање.

Обвинителите го обвинија Ланкгорд, сопственик на бизнис во Џеферсонвил, дека не извршил погребни церемонии за кои бил платен, објави Би-Би-Си.

Судијата посочи дека би можел да одлежи 12 години затвор и мора да плати 46.000 долари како реституција на 53 семејства кои биле оштетени.

Ланкфорд ќе биде осуден во јуни. Полицијата во Џеферсонвил минатата година почна да го истражува погребалниот дом во Ланкфорд, по извештаите за многу непријатен мирис од зградата.