Поранешниот бугарски репрезентативец Станислав Ангелов ја коментираше победата на Бугарија над Македонија од 1:0 во Лигата на нации.
Поранешниот фудбалер на Левски и ЦСКА го прекори исвиркувањето на бугарската химна од македонските навивачи.
– Мене лично ми е чудно… како можеш да ја исвиркаш химната на баба ти и дедо ти? Целата оваа работа е многу чудна, но пропагандата е многу тешка, изјави Ангелов.
Екс бугарски министер бара казна за Македонија поради свирежите на химната
Поранешниот министер за спорт на Бугарија, Красен Кралев побара од Европската фудбалска федерација да ја казни Фудбалската федерација на Македонија поради свирежите при интонирањето на бугарсаката химна пред натпреварот од последното коло во Лигата на нации.
На Националната Арена „Тодор Проески“, околу 20.000 навивачи со свирежи го испратија интонирањето на бугарската химна.
Поради тоа екс бугарскиот министер побара реакција од УЕФА и жестоко да ја казни ФФМ.
– Ова е недопустливо и за вакво свиркање на химната од македонските хулигани, верувам дека УЕФА ќе биде бескомпромисна со санкциите кон Македонија. Недопустливо е уште пред првиот судиски свиреж, да има такви жестоки свирежи не само кон фудбалерите, туку и кон химната. Мора да има реакција и од државата – напиша на социјалните мрежи, Красен Кралев.
Македонија во последниот натпревар од групата 4 во дивизијата Ц загуби од Бугарија со 0:1 и настапот во Лигата на нации го заврши на третото место.
Be the first to write a comment.