Еврото во текот на ноќта падна на ново 20-годишно најниско ниво во однос на доларот, а британската фунта на историски рекордно ниско ниво, јавија германските веб-страници за финансиски информации.
Заедничката европска валута се тргуваше по 0,95 долари, ниво што не е регистрирано од 2002 година.
Британската фунта изгуби речиси пет отсто до 1,0350 долари, што е најнизок курс досега во однос на доларот. Во утринското тргување и двете валути почнаа благо да закрепнуваат.
Според курсната листа на НБРСМ денеска средниот курс на еврото изнесува 61.4950 денари, а на американскиот долар 63.0459 денари.
Be the first to write a comment.