Сардините се богати со витамини, минерали и протеини, но еве кој треба да ги избегнува… Сардината е вид риба која освен што е богата со омега-3 масни киселини содржи и бројни витамини, минерали и протеини. Тоа е одлична храна која ќе ги задоволи клучните потреби на организмот на мнозинството, но и на оние кои постат. Според нутриционистите, треба да јадеме најмалку два пати неделно.
Сардините се полни со важни хранливи материи, што ги рангира на прво место кога станува збор за исхраната, според „Американската асоцијација за срце и кардиоваскуларни болести“, како што пренесува веб-страницата Webmed.
Поради високата содржина на омега-3 масни киселини, протеини, витамин Б12 и селен, сардините се многу моќни чувари на здравјето. Доколку се консумираат редовно, можат да придонесат за подобрување на целиот организам.
Истражувањата покажуваат дека јадењето храна како сардина која е богата со омега-3 масни киселини може да помогне во лекувањето на нарушувања на расположението како депресија и анксиозност. Меѓутоа, луѓето со одредени здравствени проблеми не треба да ги јадат.
Кој не треба да ги јаде?
Сепак, покрај многуте здравствени придобивки, сардините во свежа или конзервирана форма не се вид риба што се препорачува за сите луѓе. Пациентите кои страдаат од висок крвен притисок, гихт, камења во бубрезите треба да избегнуваат конзумирање. Особено конзервираните сардини содржат големи количини натриум, што не се препорачува за лица со висок крвен притисок.
Луѓето кои страдаат од висок крвен притисок, поради присуството на натриум во нив, треба да ги ограничат. Натриумот привлекува вода и ја зголемува количината на крв во телото.
Ако сакате да ја намалите количината на сол, сепак можете да уживате во сардината така што ќе ја преполовите големината на порцијата, советуваат експертите.
Be the first to write a comment.