На денешен ден пред четири години, во доцните часови низ јавноста проструи веста дека починала актерката Билјана Беличанец. На само 45 години, жената која одигра безброј маестрални улоги, која за своите пријатели и колеги беше цврста како камен, а истовремено и нежна и кршлива како стакло, си го одзеде животот со бесење.
Веста за смртта тогаш ја потврдија и од МВР, со соопштение дека телото на актерката го пронашол нејзиниот сопруг, режисерот Сашо Миленковски, во бањата во неговиот стан во Скопје.
И по четири години од смртта на Беличанец остана неодговорено прашањето – Зошто? Мајка на две деца кои ги доби со првиот сопруг и за кои секогаш раскажуваше со огромна љубов, голем број на одлично одиграни улоги во театарски претстави, во детски емисии, синхронизација на Хурем во популарната турска серија, според која го доби и прекарот македонска Хурем…
Речиси да немаше некој од нејзините колеги кој тогаш не се прости со неа со емотивна објава на социјалните мрежи. Сите жалеа за нејзината младост, за прекинатиот живот во време кога таа имаше уште многу да даде, но и прашуваа како се дозволи Билјана да им се излизга од рацете, која била маката која ја натерала на тој чекор, да посегне по својот живот?
На комеморацијата ја испратија со солзи и аплаузи, а лани во нејзина чест беше поставена табла на влезот на Домот на култура во Кисела Вода, со нејзиното име. Домот на културата од КБК беше преименуван во Билјана Беличанец.
Токму таму се одржа и комеморацијата за неа, во домот кој во минатото бил кино, а потоа во време на градоначалничкиот мандат на Беличанец кој траеше од 2013 до 2017 година, беше темелно реконструиран и адаптиран.
Пред две години „Фокус” разговараше со нејзиниот сопруг, режисерот Миленковски. Тогаш тој кратко ни кажа дека не е подготвен да зборува за неа. Порача дека му треба време по трагедијата која се случи, и не знае дали и во иднина ќе може да зборува за нивниот приватен живот.
И денес, тој одби да зборува за Билјана и досега нема дадено ниту едно интервју на болната тема.
Последната одиграна претстава на Беличанец е „Љубовници”, авторски проект на актерката Катерина Коцевска, во 2019 година.
Be the first to write a comment.