БЕЛГРАД – Вечерва се случи сообраќајна несреќа во Земун во близина на главната пошта на главната улица, јавуваат српските медиуми.

Имено, според неофицијални податоци, девојка ја преминувала улицата, по што на неа налетал возач на автомобил „БМВ“ и ја покосил.

Веднаш по несреќата, на улицата настанала жестока расправија меѓу возачот на автомобилот и луѓе кои случајно се нашле во близина, додека несреќната девојка неподвижна лежела на асфалтот.

– Момче удри девојка на пешачки премин кај Поштата во Земун. Потоа се случи инцидент. Не ја ни погледна девојката. Таа летна 5-6 метри од ударот. Девојката се уште лежи неподвижно – пишува во објава на социјалните мрежи.

Екипата на итната помош пристигнала на местото на настанот за да му пружи прва помош на девојчето.

Возачот со закани кон минувачите

Веднаш се создала гужва. Неколку минувачи притрчале да ѝ помогнат на девојката, а неколку сакале да се пресметаат со возачот.

– Нели гледаш дека е пешачки, мајмун еден, му викнал еден од минувачите на возачот од колата.

– Сакаш да ти ја скинам главата. Ќе ти е*ам мајката – му одговорил еден од нив со пцовки.