











Вечерва околу 19 часот и 40 минути имало пукање во загрепската населба Шпанско. Во улицата „Добриша Цесариќ“ со еден истрел во главата бил погоден К.Г.(43).
Од полициската управа во Загреб велат дека се утврдува што точно се случило, а полициски екипи се на терен. Потврдуваат дека имало обид за убиство со огнено оружје. Интензивно се трага по сторителот, додаваат оттаму.






– Од болницата во Виноград неофицијално дознаваме дека застреланиот е во критична состојба. Тој има повреда на главата и моментално е на итна операција и неговиот живот е во опасност. Нашиот известувач од терен јавува дека полицијата води истрага и разговара со сведоци. Во еден момент во полиција дошол млад човек и ги прашал: „Жив ли е татко ми?“, пренесува Јутарњи лист.
– Седев таму на клупата спроти улицата. Mажот истрча од БМВ и му пукаше во глава. Во автомобилот имаше и жена. Имаше, ми се чини, околу 45 години. Откако му пукаше во глава, притрча кон автомобилот, се работеше за црно БМВ, и со полн гас излета од паркингот – изјави маж кој бил сведок на обидот за убиство на паркингот спроти станбената зграда во улица „Добриша Цесариќ број 3“.






Полицијата знае кој пукал
Полицијата знае кој го пукал бидејќи на очевидецот му покажала фотографија од осомничениот и тој потврдил дека го препознал лицето кое пукало во човекот.
– Нашиот новинар на теренот дозна дека мажот наводно бил застрелан со еден истрел директно во главата. Полицијата го опколила паркингот спроти куќата број 3, а вештаци за вештачење вршат преглед и на еден автомобил, бел хјундаи. Станарите велат дека ништо не слушнале, ниту виделе, но се шпекулира дека во тек полициска потера, објавува Јутарњи.






Застреланиот е таксист
– Не знам што се случило – кратко изјави свекрвата на застреланиот К.Г.(43), кој со семејството живее во приземјето од станбената зграда на споменатата улица. Жената потоа го повлекла од прозорецот еден од синовите на застреланиот, момче кое липало.
– Тој е прекрасен човек и сосед, знам дека беше таксист. Пред тоа пукање слушнав гужва, но не обрнав внимание и отидов во станот. Набргу потоа видов полиција – изјави станар на зградата.






Be the first to write a comment.