На 13 јануари, еден ден пред собирот на неколку бугарски здруженија во центарот на Скопје пред спомен плочата на Мара Бунева, на граничниот премин Табановце, четворица Бугари биле фатени при влез во Македонија со пендреци и ножеви. Предметите им биле одземени, по што им бил спречен влезот во Македонија, дознава МКД.мк.

Еве што било запишано тој ден во билтенот на МВР:

„На 13 јануари во 15,30 часот на граничниот премин Табановце полициски службеници го привеле И.Н.Д. (31) од Бугарија. При преглед и контрола на патничкото возило „фолксваген туран“ со бугарска национална ознака кое го управувал, биле пронајдени и одземени нож и метална палка на расклопување. Лицето било предадено во полициската станица во Куманово и во консултација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена соодветна пријава“.

Нема друга официјална информација за текот на поднесената соодветна пријава.