Американката Ешли Крандел точно се сеќава како се чувствувала последниот пат кога го фотографирала трудничкиот стомак.

„Сакав да бидам бремена. Знаев дека ќе ми недостига да ги чувствувам како се движат. Но, во тој момент ме болеше целото тело, особено грбот и стапалата. Едвај се качував по скалите во куќата. Целата бев отечена,“ се присети Крандел на Today Parents.

Фотографијата која ја објави на Инстаграм е направена неколку часа пред да ги роди своите четворки во 31-та недела од бременоста со царски рез. Бременоста обично трае околу 40 недели, но речиси сите повеќекратни бремености се пократки, според Џон Хопкинс Инситутот.

Весли, Ема, Леа и Нора се родени на 11 февруари. Бебињата поминале 70 дена на одделот за неонатална интензивна нега, учејќи како сами да цицаат и дишат.

На 16 септември, Крандел објави фотографија на Инстаграм на која ги држи своите четири деца на 31 недела по породувањето.

„Лудо е кога ќе помислиш како сите ми беа сместени во стомакот“, напиша таа.

Бебињата, вели тој, почнуваат сами да седат и да лазат. Гледајќи ги сега, никој не би помислил дека се родени предвреме.

Семејството Крандел се борело со неплодност речиси четири години, откако ја добиле нивната ќерка Исла во 2017 година.

Крандел има синдром на полицистични јајници, а нејзиниот сопруг Ленс има ниска подвижност на сперматозоидите.

На предлог на лекарот се одлучиле за постапка на интраутерино оплодување, една од процедурите на медицински потпомогнато оплодување во која претходно обработената сперма на маж се внесува во матката во моментот на овулација.

Неколку недели подоцна дознале дека ќе добијат четворки.