Се уште се утврдуваат околностите за смртта на момчето Алмедин Дугалиќ (18) од босанскиот град Тешањ. По обдукцијата било утврдено дека причина за смртта на овој млад човек е срцева слабост, потврди за „Аваз“ Елмедин Фишек, портпарол на МВР на Зеничко-добојскиот кантон
– Едно лице е сослушано во својство на осомничено за постоење основи на сомнение дека сторило кривично дело „Поседување, односно овозможување употреба на наркотици“, а најверојатно ќе се прошири на повеќе лица. Извршена е обдукција. Утврдено е дека смртта е последица на срцева слабост. Одземени се отпечатоци поради потребното вештачење што ќе се изврши во наредниот период и кое кога ќе се сублимираат изјавите и материјалните докази на крајот ќе бидат презентирани преку извештај кој ќе биде проследен до Обвинителството – рече Фишек.
Дали причината за смртта е употребата на наркотици ќе се дознае по анализата на медицинските експерти, а според портпаролот во моментов има индиции кои се истражуваат.
За настанот веднаш бил известен дежурниот обвинител на Кантоналното обвинителство на Зеничко-добојскиот кантон. Во текот на увидот, местото на настанот е кривично обработено, а фотографирани и одземени се одредени предмети и траги кои ќе бидат предмет на натамошно вештачење и криминалистичка обработка.
Починал на својот 18-ти роденден
Алмедин починал на прославата на својот 18-ти роденден.
– Наводно, неговите пријатели му ставиле некои супстанци во пијалокот. Сепак, веројатно претерале, поради што му се слошило. Секогаш бил повлечен, па претпоставувале дека сакале да видат како ќе реагира на тоа – рекол братучедот на починатиот млад човек, чии лекарски напори не успеале да му го спасат животот, пишува 072инфо.
– Алмедин Дугалиќ во 4 часот бил донесен со Брза помош и препратен во Општа болница во Тешањ. По неуспешните обиди за реанимација, во 6.40 часот била констатирана смрт, изјави за 072инфо Елведин Фишек, портпарол на МВР на Зеничко-добојскиот кантон.
– Уапсени се четворица пријатели, двајца се синови на полицајци, па се’ се прикрива. Алмедин бил мртов пред да биде пренесен во болница. Двајца пријатели побегнале од куќата кога слушнале дека тој починал, изјави анонимен извор за 072инфо.
Be the first to write a comment.