Најпознатиот балкански хармонилаш, Александар Аца Софронијевиќ ја раскинал свршувачката со водителката Сања Ќулибрк, објавија српските медиуми.
Добро упатен извор близок до поранешната двојка вели дека двајцата веќе неколку месеци не се во емотивна врска, но дека остануваат во пријателски односи.
– Сите ја очекуваа нивната венчавка и нивното раскинување изненади многумина, но не сакаа да зборуваат за тоа. Колку што знам, причината за раскинувањето не е никаков скандал, неверсто или кавга… Едноставно сфатија дека не се еден за друг и дека нема да можат да ја дочекаат староста заедно, поради што се договорија да се разделат. Нема непријатности кога ќе се сретнат. Аца е сериозен професионалец, и нема никаква лоша крв меѓу нив, па не е чудно што продолжија со нормална комуникација и соработка, изјави извор близок до Софронијевиќ и водителката.
Српските медиуми го контактирале и хармоникашот, кој ги потврдил ваквите гласини и открил дека на Сања и посакува среќа во животот:
– Ни беше убави, живеевме фино. Едноставно сфативме дека не сме еден за друг и решивме да се разделиме. На Сања ѝ ја посакувам сета среќа во животот. Останавме во коректни односи, мислам дека така треба да биде затоа што и двајцата сме зрели и остварени луѓе – рече Аца.
Be the first to write a comment.