Автобус со полски регистерски таблички рано утрово доживеа тешка сообраќајна несреќа на автопатот А4 Загреб-Горичан во Хратска.
Порталот Дневник.хр повикувајќи се на неофицијални информации пишува дека 11 патници го загубиле животот, но засега ваквите тврдења не се официјално потврдени.
Според првите информации, автобусот околу 5:30 часот слетал на потегот од Брезнички Хум до Комин, во правец кон Загреб. Од полициската управа Вараждин наведуваат дека точната локација е помеѓу Јарек Бишашки и Подворец.
– Засега нема официјални информации за причините за оваа несреќа, ниту за околностите во кои се случила, но неофицијално тезата е дека возачот најверојатно заспал на воланот, пишува Јутарњи.хр.
Полицијата е на местото на настанот и врши увид, а на локацијата се повикани екипи на итната помош и пожарникари кои помагаат во спасувањето на настраданите.
Be the first to write a comment.