Според најпопуларниот стриминг сервис Spotify, Италија е фаворит за победа и ја има убедливо најслушаната песна во 2022 година.
Италија, односно Махмуд и Бланко, со песната „Бривиди“ имаат речиси 90 милиони слушатели, додека Украина, која често се споменува како фаворит за победа, има само околу девет милиони.
Песната „Бривиди“ беше најслушана песна на платформата Spotify меѓу натпреварувачите на Евровизија во периодот од јануари до март 2022 година, со над 82 милиони слушања, што е речиси пет пати повеќе од песната Hold Me Closer на пејачката Корнелија Јакобс која ја претставува Шведска, која има повеќе од 18 милиони слушања.
На трето место е песната De Deipte на пејачката S10, која ја претставува Холандија, а која е преслушана речиси 16 милиони пати.
Ако и се верува на публиката на Spotify, Констракта годинава нема шанси да победи, бидејќи песната што ја претставува Србија е преслушана помалку од два милиони пати.
Да потсетиме, српската претставничка Ана Ѓуриќ Констракта во финалето на Евровизија ќе настапи под реден број 24.
Според обложувалниците, Констракта во финалето ќе го заземе 6. место.
Be the first to write a comment.