Едно лице загина, а тројца се ранети во престрелка во Словенија, додека осомничениот се уште е во бегство, соопшти полицијата во Ново Место.
Се претпоставува дека осомничениот, 25-годишниот Мирко Пилингер, во саботата убил 22-годишник од Ново Место на главниот пат меѓу Мирна Печа и Ново Место кај Брежје.
Уште три лица, една жена и двајца мажи на возраст меѓу 19 и 27 години, се ранети и пренесени во болница, јави СТА.
Во периодот од 23 до 2 часот вечерва пред Итната помош во Ново Место имало и неколку полицајци бидејќи таму се собрале околу 100 лица кои ги познавале повредените и починатите. Не дошло до немири.
Полицијата соопшти дека осомничениот, кој веќе има криминално досие, е во бегство и дека е вооружен и опасен. Во тек е потрага, а истрагата продолжува.
Инцидентите со огнено оружје се ретки во Словенија и ова е една од најлошите престрелки во последниве години, според СТА.
Be the first to write a comment.