Откако го истепаа во Охрид и со владин бугарски авион беше испратен на лекување во Софија, секретарот на бугарскиот клуб “Цар Борис Трети“, Христијан Пендиков, беше посетен од министерот за надворешни работи Бујар Османи и неговиот бугарски колега Николај Милков.

Османи уште еднаш го осуди насилниот чин врз Пендиков и додаде дека му е жал за инцидентот, за кој што рече дека не ги одразува вредностите на граѓаните на Северна Македонија. Тој увери дека земјава ќе се погрижи за нула толаранција врз насилството. Според шефот на дипломацијата, Бугарите во Македонија ќе ги имаат сите права, слободи и привилегии, истакнувајќи дека нема да се дозволи негирање на бугарската заедница, како што нема да се дозволи негирање и на македонскиот народ.

В.д. бугарскиот министер за надворешни работи Милков рече дека Бугарија нема да отстапи од заштита на правата на бугарската заедница во Република Северна Македонија.

„Ситуацијава не бои требало да продолжи вака. Не може и Бугарија силно инсистира авторите на ваквите постапки да се осуди строго според законот, за да се стави крај на ваквата атмосфера на неказнување со што се раѓа ново насилство. Исто така сакам да му кажам НЕ на оживувањето на “црните традиции’ кои историски се поврзани со Северна Македонија, како палење, напади и насилство врз луѓето“, вели Николај Милков.

Полицијата во петокот уапси три лица од Охрид како осомничени за физичкиот напад врз нивниот сограѓанин во еден угостителски објект во Охрид.

Ако прочитаат Бугарите што пишувал, ќе го вратат одма во Македонија со истиот авион!

Богдан Илиевски вечерва на социјалните мрежи објави дека не толку одамна, пред само неколку години, Пендиков на социјалните мрежи меѓу другото вели „недај Боже да имам бугарски пасош“, „друга татковина освен Македонија немаме“, „Тодор Александров бил Македонец, а не Бугарин“, „тоа не е Бугарија, тоа е Пиринска Македонија“…

-Ќе ни го вратат со истиот авион, пишува Илиевски.

📸

📸

📸

📸