Српскиот пратеник од коалицијата „Заједно“, Ѓорѓе Микетиќ денеска направил сообраќаен прекршок кога се паркирал во пешачката зона во центарот на Белград, дознава „Блиц“.

За да ја прикрие трагата, Микетиќ ја покрил задната табличкаа со хируршка маска, додека целосно ја извадил предната регистерска табличка!

Како што дознаваат српските медиуми, надлежните служби веднаш реагирале и на сопственикот на автомобилот му напишале казна од 25.000 динари за непрописно паркирање во пешачка зона.

– Автомобил кој се води до Ѓорѓе Микетиќ и на кој има пратеничка налепница е пронајден паркиран во пешачката зона. Службите веднаш реагирале, напишале казна и го однеле автомобилот – вели изворот на „Блиц“.

📸

📸

📸

📸

📸