Естетските зафати се многу популарни кај жените, меѓутоа, мажите во последно време не избегнуваат такви ситуации, особено оние кои се цел на потсмев поради својот изглед. Најочигледната трансформација на лицето ја направи Хектор Херера, сега искусен мексикански играч, кој долго време беше етикетиран како најгрдиот фудбалер на светот.
Ерера поради ушите имаше многу навреди и исмејувања од сопствените соиграчи. Дури и поранешниот клуб еднаш го исмеа при претставувањето на играчите пред новата сезона. Токму поради оваа причина Мексиканецот реши да го промени својот изглед во 2018 година по Светското првенство. Отишол на пластичен хирург и направил чудо.
So Hector Herrera (beast midfielder from Mexico) that’s plays for Porto……
had surgery done on his nose AND ears.
Mmmmmm thoughts?!???! pic.twitter.com/CjWbPsy1Wo
— Castro1021 (@Castro1021) July 23, 2018
Херера го реши проблемот со ушите, а направил и мали корекции на носот и на некој начин стана поинаква личност.
Свесен за реакциите кои ќе го привлечат Ерера, тој самиот излезе со соопштение дека е опериран и рече дека по операцијата дише многу полесно отколку што беше случај претходно. Инаку, неговиот изглед никогаш не му пречел на Шантал Мајо, неговата долгогодишна девојка, а потоа и сопругата, бидејќи се во врска 13 години.
Шантал беше со Ерера во неговите најсреќни и најтешки моменти. Досега имаат две деца, 10-годишниот син Дејвид и шестгодишната ќерка Валентина.
Овој фудбалер кариерата ја започна во Пачука, а Порто го донесе во Европа во 2013 година за 11 милиони евра. По речиси една деценија играње на Стариот континент, летово се врати поблиску до дома бидејќи стана член на американскиот Хјустон.
Долги години е претставник на својата земја. Со Ел Триј играше на три светски првенства, а често ја носи и капитенската лента. На 105 настапи постигна 10 гола.
Be the first to write a comment.