Велосипедистот кој попладнево беше прегазен во сообраќајна незгода во Скопје е во добра здравствена состојба. Скопје Инфо неофицијално дознава дека тој со скршеници е пренесен на скопските клиники, се чувствува добро и е во добра здравствена состојба.
На местото на несреќата се нашол и познатиот детски хирург Владимир Чадиковски кој асистирал во првата помош на пациентот. Очевидци за Скопје Инфо сведочат дека за среќа докторот се нашол во вистинско време и на вистинско место и додека се чекала Итната медицинска помош, тој укажувал прва помош на пациентот.
Скопје Инфо, пред повеќе од еден час објави дека на булеварот „Теодисиј Гологанов“ се случи тешка сообраќајна незгода.
Be the first to write a comment.