Петгодишното момче, кое неговата мајка утрово го фрли од третиот кат во белградската населба Миријево, не било животно загрозено кога било примено во Ургентниот центар заедно со мајка му, која скокнала по него.
Детето немало повреди на главата, ниту скршеници на черепот, што било најважниот показател да не остане во Ургентниот центар, па како пациент кој во тој момент не бил во животна опасност е пренесен во Институтот за мајка и дете.
– Момчето нема ни скршеница. Беше свесен и комуникативен, а само кажуваше дека „се живо го боли и дека му се спие“, вели изворот на српски „Курир“ од Ургентниот центар.
Детето веднаш било пренесено во Институтот.
Да потсетиме, мајката има повеќекратни скршеници, но е свесна и е надвор од животна опасност. Пред ужасниот чин испила лекови за смирување бенседин и алкохол.
Be the first to write a comment.