На 01.08.2022 околу 16.45 часот во СВР Тетово било пријавено дека на патот Р1-202 Мавровска раскрсница-Дебар, кај Стрезимирски Мост, патничко моторно возило „рено сценик“ со германски национални ознаки, сопственост на Р.Ф.(42) од с.Новак, излетало од патот.

По несреќата, лекар од итна медицинска помош-Гостивар констатирал смрт кај Н.С.(52), Р.Н.(35) и Р.Ф., сите од с.Новак, а С.М.(49) од с.Новак била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен Обвинител и увидна екипа од Полициска станица Гостивар, а по наредба на Јавниот Обвинител над починатите лица во текот на наредниот ден ќе се врши обдукција.