Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди брегот на Бенгкулу во Индонезија, соопшти Американскиот геолошки институт (USGS).
Епицентарот на земјотресот бил на 109 километри од Бенгкулу. Тоj се случил на длабочина од 50,7 километри, соопшти УСГС, пренесе Ројтерс.
Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета.
УСГС го оцени ризикот од жртви во земјотресот како низок, но нагласи дека претходните земјотреси доведоа до секундарни опасности како што се цунами и лизгање на земјиштето, што може да предизвика жртви.
Се додава дека плитките земјотреси имаат тенденција да направат поголема штета отколку длабоките земјотреси.
Индонезија, архипелаг од 17.000 помали и поголеми острови, се наоѓа на спојот на три главни тектонски плочи.
Таа земја се наоѓа на огнениот прстен на Пацификот, каде има голема вулканска активност и чести се силни земјотреси.
Во таа земја во големиот земјотрес и цунами во 2004 година загинаа 170.000 луѓе.
Be the first to write a comment.