Од 1 октомври, за 1.000 денари ќе поскапи казната на пајак-службата на ЈП „Паркинзи Општина Центар“ (ПОЦ).

Наместо 2.500 денари, ако за погрешно паркирање интервенира пајак-службата казната сега ќе биде 3.500. Одлуката за поскапувањето ПОЦ ја оправдува што цената е иста 10 години и дека во изминатиот период драстично поскапеле нафтените деривати.

Нови цени има и за зонските паркиралишта со тоа што е направена промена на зоните. Со тоа, паркирањето во Буњаковец сега се зголемува од 60 на 70 денари за час.