Во своето најново интервју со новинарот Васко Ефтов, поранешниот Претседател на Владата, Љубчо Георгиевски, истакнува дека со Нишкиот договор сите постапки за добивање на самостојност на Црквата биле исти како и при актуелнава процедура со мала разлика во временската рамка, но дури и да било така, процесот ќе бил завршен пред цели 17 години.

Поранешниот Премиер зборуваше и за државниот прогон врз Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован заради што, како што истакна, дваесет години се занимававме со човекови права, а тој прогон е регистриран во сите извештаи на Стејт Департментот.

Поранешниот премиер изјави дека „дваесет години државата го малтретира Архиепископот Јован“.

Во продолжение, Љубчо Георгиевски карактеристично предочи, велејќи:

„И, сега, што е најинтересно, ние се правиме на Тошо како општество, меѓутоа Јован победи со неговата идеја. Ова што се случува сега, тоа е патот, кој требало да се следи, тоа е неговата идеја и македонското општество треба да му се извини на Архиепископот Јован“.

Георгиевски го заврши разговорот за црковните случувања со следниот став: „Дваесет години скокаме во место, но сега е малку поскапа цената, бидејќи до ден денеска не знам како што сме признаени!“