Хрватската полиција во текот на последните два дена примило две пријави од граѓани за сторено кривично дело компјутерска измама. Тие упатија предупредување до граѓаните да не се јавуваат на одредени телефонски броеви.
„Во двата случаи, оштетените се пријавиле на оглас за инвестирање во криптовалути, по што со нив телефонски контактирале странски криминалци кои се претставувале како легитимни компании преку онлајн огласи, уверувајќи ги своите жртви дека ќе заработат со инвестирање на нивните пари во криптовалути.
Криминалците потоа им помагале на жртвите да инвестираат пари преку апликации за далечински пристап до компјутер. Оштетените ја користеле платформата за следење на состојбата на нивната сметка и зголемувањето на добивката, но кога побарале исплата на добивката, не можеле да ја добијат и потоа сфатиле дека биле измамени.
Не одговарајте на овие броеви
Ги советуваме граѓаните секогаш да бараат непристрасен финансиски совет пред да дадат или инвестираат пари. При јавувањето на жртвите, сторителите се претставуваат како брокери на инвестициската платформа и најчесто ги користат префиксите на Велика Британија (+44), Шведска (+46) и Естонија (+372).
Со оглед на тоа што има навистина голем број на лажни инвестициски платформи, потенцијалниот инвеститор дефинитивно треба да провери преку достапните пребарувачи пред да започне да инвестира, дали платформата за која е заинтересиран е веќе некаде снимена и пријавена како лажна и дали има соодветната лиценца за работа на територијата на Република Хрватска или ЕУ.
Легитимноста на платформата може да се провери преку веб-страницата на ХАНФА, а во случај на користење на услугите на берза за криптовалути истото може да се провери и кај нив“, велат од полицијата.
Be the first to write a comment.