Две 16-годишни момчиња се избодени до смрт на две локации оддалечени околу една милја во југоисточен Лондон, соопшти полицијата.

Полицијата истражува дали има врска меѓу двете убиства, за кои се верува дека се случиле во исто време, околу 17:10 часот по локално време во саботата, пишува „Гардијан“.

Полицијата добила информации за повредените млади момчиња, но двајцата подоцна починале.

Истрагата за убиствата е во тек, а со оглед на временската близина и растојанието меѓу инцидентите, полицијата се обидува да утврди поврзаност меѓу двата смртни случаи, соопшти Метрополитен полицијата и ги повика сите граѓани кои имаат какви било информации за овие настани да се јават кај нив.