Репортерка од Флорида која изестувапе за ураганот Иан, кој во последните неколку часа ја зафати американската сојузна држава, стана тема на коментари на Твитер, поради чудниот изглед на микрофонот кој го држи.
Репортерката на NBC2, Кајла Гејлер ги пренесувала најновите вести за временскиот феномен од паркинг во Форт Мајерс, Флорида, кога камерата го „уловила“ нејзиниот микрофон покриен со… кондом.
„NBC2 користи заштита за време на ураганот Иан“, напиша еден корисник на Твитер, при што многумина се прашуваат дали тоа всушност е кондом или некој друг вид на покривка. Гејлер брзо одговори на овие прашања во своето „стори“ на Инстаграм.
NO WAY! 🚨 WBBH-TV reporter Kyla Galer protecting her microphone with a condom during Hurricane Ian coverage. 😳😳😳#wbbhtv #kylagaler #hurricaneian #weathercloud #weather #hurricane #florida #condom @kylagaler pic.twitter.com/xybe0KyWxX
— CulturedUpdates (@CulturedUpdatez) September 29, 2022
„Многу луѓе ме прашаа што е тоа на мојот микрофон. Тоа е она што го мислите. Кондом. Помага во заштитата на опремата. Овие микрофони не треба да се навлажнуваат. Поради невремето, мораме да го направиме она што треба, а тоа е да ставиме кондом на микрофонот“, објаснува репортерката.
Колегата на Гејлер, Џеф Бутера, на Твитер сподели фотографија од Гејлер одблиску со нејзиниот микрофон.
„КОРИСТИМЕ ЗАШТИТА ВО ИЗВЕСТУВАЊЕТО ЗА УРАГАНИ“, се вели во објавата.
** WE PRACTICE SAFE HURRICANE REPORTING **
Yes, it's a condom.
Nothing better to waterproof a microphone.My Waterman Broadcasting colleague @kylagaler has been fielding lots of questions, haha.
Moment of levity in this nasty storm… #HurricaneIan pic.twitter.com/hdyiXdhZIL
— Jeff Butera (@ABC7Jeff) September 28, 2022
„Нема подобар начин микрофонот да остане сув“, објасни репортерот кој, како и многу негови колеги во Флорида во последните часови, се обидува да ја информира јавноста додека се соочува со исклучително неповолни временски услови.
Моќниот ураган Иан од вчера ја погоди Флорида со многу силни ветрови и поројни дождови кои веќе предизвикаа „катастрофални“ поплави и прекин на електричната енергија во големи области на државата.
Be the first to write a comment.