Американскиот претседател Џо Бајден учествуваше на конференција за борбата против гладот одржана во Белата куќа. Во таа прилика меѓу гостите се обидуваше да ја најде починатата членка на Конгресот Џеки Валорски.

Валорски била една од организаторките на конференцијата, но загина минатиот месец во сообраќајна несреќа.

„Џеки, тука ли си? Каде си Џеки? Мислев дека и таа ќе биде тука“, кажа збунетиот Бајден од говорницата.

Валорски загина на почетокот на август во тешка сообраќајна несреќа во сојузната држава Индијана заедно со двајца членови на својот кабинет. Таа имаше 58 години.