Бугарската политичарка Илијана Јотова преку социјалните мрежи порача дека опожарениот културен центар „Иван Михајлов“ е уште една провокација. Таа вели дека „западниот сосед треба да ги почитува правата на Бугарите“.

„Потпалувањето на културниот центар во Битола е уште една провокација и дел од маскираната анти-бугарска кампања, која почна веднаш по отворањето на клубот. На отворањето, пред еден месец, бугарската делегација присуствуваше во Битола, а функција на културниот дом е зачувување на бугарската култура и идентитетот на Бугарите во Северна Македонија. Само брзо дејствување на институциите со цел откривање на сторителите ќе покажат дека кај нашиот западен сосед се почитуваат правата на Бугарите, како на сите останати националности“, напиша Јотова.